ТАВ Македонија објави зголемување на бројот на патници во авиосообраќајот.
Од месец јануари заклучно со месец јули 2018 година, од двата аеродрома во Република Македонија – аеродромот во Скопје и аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид, превезени се вкупно 1 315 206 патници што претставува зголемување од 21 % споредено со истиот период во 2017 година.
Само во јули низ двата аеродроми поминале 273 623 патници што во споредба со месец јули 2017 година кога имало 230 288 патници е зголемување од 19%.