Министерството за внатрешни работи во текот на изминатиов ден издало вкупно 3.673 потврди за остварување право на азил на мигранти, од кои 1.874 на мажи, 640 на жени, 916 на деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 243 на деца кои патуваат без родител.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија 2.175, Авганистан 788, Ирак 428, додека другите се во помал број.
Во периодот од 19 јуни оваа година до вчера издадени се потврди на вкупно 224.911 странски државјани, од кои, 135.147 се од машки пол, 33.388 се од женски, 44.983 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 11.393 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија 142.925, потоа Авганистан 47.953, Ирак 17.190, Пакистан 4.749, Иран 4.335, Палестина 1.873, Сомалија 1.117, Бангладеж 1.035, Конго 508, Мароко 469, Алжир 307, Либан 292, Нигерија 268, додека останатите се во помал број.
Во последните 24 часа до Одделението за азил не се поднесени барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Од започнувањето на издавањето на потврдите до вчера до Одделението за азил се поднесени 70 барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда, при што 51 барања се од државјани на Сирија, од нив 15 за деца, потоа пет барања од државјани на Авганистан од нив четири се деца кои го придружуваат родителот, три барања од државјани од Пакистан , по две барања од државјани од Мароко, Либан, Палестина, Алжир и Ирак (четири од барањата се за деца) и едно барање од државјанин на Египет.
Во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил за 8 ноември 2015 година евидентирани се вкупно 3 баратели на азил, сите мажи. Дополнително, согласно член 48 од Законот за азил и привремена заштита три баратели на азил ( малолетно лице со придружба на старател и двајца мажи ) се згрижени на друго место за сместување определено од Министерството за труд и социјална политика.