За 24 часа 89 нови ковид случаи, оздравеле 156 пациенти

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.760 тестови, а се регистрирани 89 нови случаи на КОВИД-19. Во: Скопје – 48, Битола – 18, Берово – 4, Прилеп, Кавадарци, Штип и Кичево – по 3, Велес – 2, Охрид, Струмица, Гевгелија, Ресен и Виница – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (89), евидентирани се 21 реинфекции.

Регистрирани сe 156 оздравени пациенти, од: Скопје – 86, Битола – 32, Прилеп – 11, Охрид и Валандово – по 4, Тетово, Кавадарци, Велес, Гостивар, Струмица и Струга – по 2, Куманово, Штип, Кичево, Свети Николе, Радовиш, Виница и Демир Хисар – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа, нема пријавени  починати лица.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително е пријавено едно починато лице од Скопје (74г) во болнички услови, кое починало на 25.04.2022 година.

Досега во земјата се направени вкупно 2.013.928 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата изнесува 309.310, бројот на оздравени пациенти е 299.539, на починати е 9.278, а бројот на активни случаи изнесува 493.