За 4 месеци вработени 2.400 млади лица

За четири месеци, вработени се 2.400 млади лица до 29 години со Програмата за субвенционирано вработување на млади лица.

Премиерот Никола Груевски, оваа одлука која ја донесе Владата во март оваа година, ја оцени за позитивна.

„Заинтересираноста кај компаниите е голема. Досега се пристигнати и вработени 2.400 млади лица до 29 години. Работодавците се осободени 12 месеци за плаѓање на придонеси за нив, но имаат обврска да ги задржат уште толку по истекот на рокот“, рече премиерот Груевски.

Груевски додаде дека оваа мерка, која е со важност од една година, може да продолжи да се реализира и по нејзиниот истек.