Поранешниот директор на американската централна банка (ФЕД), Бен Бернанки за 40 минутен говор на конференцијата во Абу Даби заработи повеќе отколку минатата цела година како прв човек на системот за монетарни федерални резерви во САД.
За првиот јавен говорнички ангажман откако во јануари го напушти ФЕД, Бернанки во Абу Даби заработил 250 илјади долари, додека во цела 2013 година имал приходи од 199.270 долари.
Тоа е само првиот од трите говори кои Бернанки ќе ги одржи ширум светот неделава, а во кои поранешниот директор ќе се осврне на тактиката на Централната банка на САД за време на финансиската криза од 2007 до 2009 година. Ова прашање длабоко го истражува, а планира да објави и книга.
На конференцијата во Абу Даби во организација на Националната банка, присутните морале да платат по две илјади долари за влезници за да го слушнат Бернанки и другите говорници меѓу кои и поранешниот министер за финансии, Лоренс Самерс.
Според оценките на стручњаците, Бернанки за секој говор би можел да инкасира околу 250 илјади долари. И покрај големата заработка Бернанки е далеку зад поранешниот претседател на САД, Бил Клинтон кој постави „златен стандард“ во претворање на харзимата во пари, кој според одредени проценки заработил двапати или трипати повеќе од Бернанки за своите појавувања во последните неколку години.