За 5,7 милијарди долари Facebook купува удел во индиски Jio

A pedestrian using a smartphone walks past advertising and signage for Reliance Jio Infocomm Ltd. at the Nehru Place IT Market in New Delhi, India on Tuesday, May 30, 2017. Reliance Communications Ltd.'s credit rating was cut deeper into junk territory by Moody's Investors Service, which cited its weak operating performance, high leverage and fragile liquidity position. Reliance Communications' troubles come amid intensifying competition among mobile phone carriers in India, fueled by the entry of Reliance Jio, launched by India's richest man Mukesh Ambani. Photographer: Sanjit Das/Bloomberg via Getty Images

Американската компанија сопственик на најголемата социјална мрежа „Facebook“ најави во средата дека за 5,7 милијарди долари ќе купи 10-отстотен удел во „Jio Platforms Ltd“, дигиталниот оддел на индиската компанија „Reliance Industries“, дополнително ширејќи го своето присуство на пазарот на азаискиот џин.

Најавената трансакција ќе биде најголемата странска инвестиција на „Facebook“ и ќе ѝ овозможи на нејзината апликација за размена на пораки WhatsApp да го здружи силите со индискиот партнер во сегментот на широкопојасните и мобилни услуги и интернет тргување. WhatsApp во Индија има над 400 милиони корисници.

Со договорот „Facebook“ ќе стане најголемиот малцински акционер во „Jio“, чијашто вкупно капитална вредност е проценета на 66 милијарди долари, се наведува во соопштението на мултинационалниот конгломерат „Reliance Industries“, со кој управува најбогатиот човек во Индија, Мукеш Амбани.

Во „Facebook“ имаат намера да се насочат на соработката со „Jio“ со цел на „луѓето и фирмите да им се отворат нови можности за поефикасно работење во дигиталната економија којашто сѐ повеќе се шири“.

Платформите на „Jio“ имаат близу 380 милиони корисници. Најголемиот индиски трговски синџир „Reliance Retail“ и компанијата „Whatsapp“ склучија партнерски договор за да го забрзаат развојот на JioMart, новата дејноста за интернетски тргување.

„Со здружување на иницијативата на Јio за малите претпријатија – ЈioMart и силниот WhatsApp, ќе им овозможиме на луѓето да се поврзат со компаниите, да купуваат и во крајна линија да ги набавуваат производите во беспрекорното мобилно искуство“, наведуваат компанијата во заедничката изјава.

Овој договор претставува најголема директна странска инвестиција во индискиот технолошки сектор, исткануваат од „Reliance Industries“.

Последните неколку месеци „Facebook“ активно вложува во големи и мали иновативни технолишки компании во Индија. Така, во текот на минатата 2019 година вложи 25 милиони долари во малата дигитална мрежна продавница „Meesho“,а на почетокот од оваа околу 15 милиони долари во образовната технолошка компанија „Unacademy“, потсетуваат индиските медиуми.