За 8 Март, бесплатни билети за ски-центарот Маврово за сите жени

По повод 8-ми Март, денот на жената, во недела Ски Центар Маврово им овозможува бесплатна Ски билети на сите љубители на зимските спортови од понежниот пол, забава на Бачило и во дискотеката Ратрак.

А поради добрите временски услови, во месец Март продолжува Ски сезоната Маврово 2015, по специјални мартовски цени за Ски билетите кои ќе се продаваат по цена од 500 денари.