За албанскиот амбасадор Меидани, албанскиот јазик не е работа на судови и правни формулации

Албанскиот амбасадор во Скопје, Денион Меидани, го повтори ставот на официјална Тирана за прашањето за албанскиот јазик, за кое се очекува одлука на Уставниот суд.

Меидани пишува дека албанскиот јазик не е работа на судовите, затоа албанскиот идентитет не смее да се допре.

-Ги ценам вашите пораки на социјалните мрежи и одговорно ја следам ситуацијата. Сакам да повторам дека официјална Тирана јасно го искажа својот став од Палатата на бригадите: Албанскиот јазик не е работа на судови и законски формулации, напиша Меидани на социјалните мрежи.

Тоа е всушност изјавата на премиерот Еди Рама кој меѓу другото од дебатата во Тирана,  организирана од фондацијата „Арбр Џафери” порача дека „албанскиот јазик во Македонија не е прашање на Уставниот суд“.

-Кој има очи, чита. Кој има уши, слуша. Пораката е јасна и непроменлива: нашиот национален идентитет и симболи се неприкосновени, посочува Меидани.