За Арсенал 13-та рекордна титула во ФА Купот

Фудбалерите на Арсенал се победници на годинашното натпреварување во англискиот ФА Куп откако во финалето на стадионот „Вембли“ го совладаа шампион во лигата Челзи со 2:1.

За Арсенал ова е рекордна тринаесетта титула во најстарото фудбалско натпреварувањето на светот кое првпат е играно во 1871 година.

Лондонските „Топчии“ досега го делеа врвот на листата на освојувачите на ФА Купот со Манчестер Јунајтед со по 12 титули.

Арсенал поведе уште во 4 минута со голот на Алексис Занчез, а откако во 66 минута поради втор жолт картон за симулирање беше исклучен играчот на Челзи, Виктор Мозес се чинеше дека победникот е решен. Меѓутоа, „сините“ со играч помалку изедначија во 76 минута преку Диего Коста, Но три минути подоцна Аарон Реми повторно го довде Арсенал во водство.

До крајот на мечот Диего Коста имаше уште една одлична можност да изедначи, но и Арсенал можеше да го постигне третиот гол, а најблиску беше Месут Езил кој во 86 минута ја погоди стативата.

За Арсенал ова беше 20-то финале и 13-та победа, додека Челзи во своето 12-то финале го забележа петтиот пораз. Интересно, Арсенал и Челзи вторпат се среќаваат во завршницата на ФА Купот, откако во 2002 година, исто така, „Топчиите“ беа подобри со 2:0. Својата прва титула Арсенал во ова натпреварување ја освоил во сезоната 1929/1930 година кога го совладал тимот на Хадерсфилд Таун со 2:0.

Според правилата победникот во ФА Купот се пласира во Лига Европа. Но бидејќи двата финалисти веќе си обезбедија место во европските купови, во Лигата Европа се пласира екипата која го освоил највисокото место во Премиер лигата а не резервирала место во европските купови, а тоа е Евертон.