Во последниот натпревар од шестото коло на англиското фудбалско првенство Арсенал на своите „Емирати“ пред 59.800 гледачи го совлада Вест Бомвич Албион со 2;:0, а средбата ја одбележа Гарет Бари поставувајќи нов рекорд според бројот на настапите во најдобрата англиска лига.
Пред мечот Арсенал се наоѓаше на 12-то место и со само една победа во последните четири кола. Победата беше императив за „топчиите“ да направат каков таков приклучок кон врвот од табелата, а менаџерот Арсен Венгер да земе малку здив по жестоките критики.
Победата на Арсенал му ја донесе двојниот стрелец Александр Лаказет постигнувајќи по еден гол во секое полувреме. Арсенал поведе во 20 минута откако Алексис Санчез од слободен удар ја погоди стативата, а францускиот напаѓач беше снаодлив на одбиената топка. Лаказет во 67 минута го реализираше пеналот за 2:0.
Од друга страна, ВБА имаше две одлични шанси и двете не ги реализираше Џеј Родригез. Во 8 минута при резултата 0:0 ја погоди стативата, а во 38 минута неговиот шут од гол линијата го исфрли Наќо Монреал откако голманот Петр Чех веќе беше совладан.
Иако ВБА забележа пораз, Гаред Бари имаше барем малку причини за задоволство. Имено стана игра со најмногу натпревари во историјата на Премиершип. Дуелот со Арсенал беше неговиот 633-ти меч во најелитното англиско натпреварување. Досега во кариерата настапуваше во дресовите на Астон Вила, Манчестер Сити, Евертон и сега за Вест Бромвич Албион. Зад Бари се Рајан Гигс со 632 натрпевара, и Франк ЛАмпард со 609 мечеви.
На првенствената табела водат Манчестер Сити и Манчестер Јунајтед со по 16 бодови, додека Челзи е трет со 13 бодови. Арсенал сега е на 7-то место со 10 бодови. Последен е Кристал Палас со сите шест порази и гол-разлика 0:13, што е еден од најнеславните почетоци на сезоната за еден премиерлигаш.