Американскиот претседател Џо Бајден во вторникот остро ги критикуваше неодамнешните изјави на неговиот републикански ривал Доналд Трамп за НАТО, нарекувајќи ги „идиотски“ и „недостоинствени“.
Трамп во саботата, како што беше пренесено, по критиките на сојузничките земји во НАТО дека не ги почитуваат своите обврски и недоволно вложуваат во својата одбрана и дека доколку повторно биде претседател САД не би ги бранеле таквите членки и дека дури би ја „охрабри“ Русија да ги нападне, предизвика страв и гнев во Европа.
„Тоа е идиотско, недостоинствено, опасно е, антиамериканско“, рече американскиот претседател во говорот во Белата куќа. „Најлошото е што тој го мисли тоа. Никогаш во нашата историја претседател не се ничкосал пред руски диктатор“, додаде Бајден.
„Кога Америка ќе даде збор, тоа значи нешто. Кога се обврзуваме на нешто, се држиме до тоа, а НАТО е света обврска. Доналд Трамп го гледа тоа како товар. Тој мисли дека (НАТО) е систем за рекетирање. Тој не разбирам дека НАТО се заснова на основните принципи на слобода, безбедност и суверенитет“, продолжи Бајден.
За Трамп, додаде Бајден, „принципите не значат ништо, за него сè е стока со која може да се тргува“. „Тој не разбира дека оваа света заложба важи и за нас“, рече 81-годишниот демократ кој, доколку нема поголеми изненадувања, ќе се натпреварува со 77-годишниот републикански магнат на претседателските избори во ноември.
„Нашите противници долго време се обидуваат да направат раскол во Алијансата. Најголемата надеж на сите оние кои ѝ сакаат штета на Америка е НАТО да се распадне. Можете да бидете сигурни дека тие ракоплескаа слушајќи го Доналд Трамп“, рече Бајден кој се пофали дека „вдахнал нов елан во организацијата.
Трамп, и во текот на својот претседателски мандат остро ги критикуваше сојузниците во НАТО дека не се придржуваат до преземените обврски за издвојувањата за своите вооружени сили и одбраната, заканувајќи се дека САД, кои се инаку имаа убедливо најголем удел во финансирањето на Алијансата, не се должни да плаќаат за нивната безбедност.
Дваесетина земји од НАТО ќе ја достигнат целта за распределба од 2 отсто од БДП годинава, објави претходно во вторникот AFP повикувајќи се на дознава во вторникот извор близок до Алијансата, неколку дена по критиките на Трамп кон земјите кои не го плаќаат својот дел од обврските.