Барањето на обвинителостовто на Меѓународниот кривичен суд (МКС – ICC) за налози за апсење на израелските челници е „скандалозно“, изјави во понеделникот американскиот претседател Џо Бајден, додавајќи дека нема „никаков“ знак за еднаквост меѓу Израел и Хамас.
„И ќе бидам јасен: што и да инсинуира тој обвинител, нема знаци на еднаквост меѓу Израел и Хамас – никаков“, рече Бајден.
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен објави дека САД го отфрлаат барањето на обвинителството на МКС за налози за апсење на израелските функционери и лидерите на Хамас.
„Ние, исто така, го отфрламе изедначувањето на Израел со Хамас од страна на обвинителот“, рече Блинкен, истакнувајќи дека одлуката на МКС за апсењата може да ги загрози напорите за воспоставување прекин на огнот, ослободување заложници и зголемување на хуманитарната помош за Газа.
Се огласи и американскиот секретар за одбрана Остин Лојд, кој рече дека сака Израел да изврши попрецизни удари за да предизвика помала штета на инфраструктурата на Појасот Газа.
Истовремено се огласи и портпаролот на британскиот премиер Риши Сунак, според кого одлуката на обвинителот на Меѓународниот кривичен суд да бара налог за апсење, меѓу за другите лица, и за израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху е „залудна“.
„Овој потег воопшто не помага кога станува збор за пауза во борбите, ослободување заложници или доставување хуманитарна помош. Обединетото Кралство, како и другите земји, сè уште не ја признава Палестина како држава, а Израел не ја признава страна на Римскиот статут“ што ја одредува јурисдикцијата на МКС“, рече портпаролот.
Гласноговорникот на британскиот премиер посочи дека МКС нема јурисдикција да ги бара овие налози за апсење. На прашањето дали полицијата ќе го уапси Нетанјаху доколку дојде во Британија, тој рече дека нема да коментира „хипотези“.
Заменик-секретарот за надворешни работи Ендрју Мичел изјави во парламентот дека одлуката на МКС нема веднаш да влијае на одобрувањта на британската влада и компаниите ќе можат да продаваат оружје на Израел.
„На пример, фактот дека обвинителот побарал налози нема директно влијание врз одлуките на владата за лиценцирање, но ние ќе продолжиме да ја следиме ситуацијата“, рече Мичел.
Обвинителот на МКС, Карим Кан, рече дека по повеќе од седум месеци војна во Газа, има разумна основа да верува дека Нетанјаху, неговиот министер за одбрана и тројцата лидери на Хамас „носат кривична одговорност“ за наводни воени злосторства
Главниот обвинител на МКС, Карим Кан, побара од судиите на Меѓународниот кривичен суд да одобрат налози за апсење на тројца лидери на Хамас и двајца израелски политички челници за воени злосторства и злосторства против човештвото извршени за време на осуммесечната војна во Газа, објави во понеделникот судот.
Во објаснувањето на барањето за одобрување на налозите за апсење, Кан наведува дека, врз основа на доказите собрани и анализирани од неговата канцеларија, постојат разумни основи да се верува дека Јахја Синвар (лидерот на исламистичкото движење Хамас во Појасот Газа), Мохамед Диаб Ибрахим Ал-Масри, попознат како Деиф – командант на таканареченото вооружено крило на Хамас – Бригадите ал-Касам и шефот на Политбирото на Хамас, Исмаил Ханије, кривично одговорен за воени злосторства и злосторства против човештвото извршени на територијата на Израел и државата Палестина од најмалку 7 октомври 2023 година, но и за израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и министерот за одбрана Јоав Галант за истите инкриминирачки дела почнувајќи од од 8 октомври.