За бегството на Блерим Рамадани виновни се судиите кои го пуштиле во домашен притвор, истите кои му слугуваа на СДС и ДУИ

Совршено јасно е дека Блерим Рамадани е пуштен во домашен притвор од каде избега од истите судии кои со години му слугуваат и го штитат криминалот на СДС и ДУИ. Зошто не реагира Судскиот совет на ваквата одлука на Судиите? Затоа ли СДС и ДУИ се против распуштање на Судскиот совет и реформи во судството?, прашуваат во соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

Да потсетиме дека ова не е прв случај да се пуштаат на слобода вакви лица. Во 2019 година на слобода е пуштен и Косоварот Томор Морина кој на Косово го пречекаа со музика, од истите судии и спрега која ја контролира СДС и ДУИ.

СДС и ДУИ се рак рана и извор на криминалот во ова општество и ќе има одговорност за сите кои ја попречуваат правдата.