Новогодишните празници се време за дружења со најблиските и пријателите, за споделување на среќа и благосостојба, што значи поголема раздвиженост на луѓето, почести патувања, односно поголем број на возила во сообраќајот на патиштата, но и пониски температури и лизгави коловози.
Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата денеска до сите упати препораки, со цел да избегнат несакани ситуации во сообраќајот:
да ги почитуваат правилата и прописите во сообраќајот,
да не конзумираат алкохол кога управуваат со моторно возило,
да не користат автомобил доколку немаат потреба за тоа,
да ја почитуваат пропишаната брзина,
да внимаваат на зимските услови за возење,
да управуваат технички исправно возило,
да не користат мобилен телефон додека возат,
да користат сигурносен појас,
да одржуваат растојание помеѓу возилата и сл.
За среќни моменти, насмевки и доживувања – бидете внимателни во сообраќајот. Уживајте во празничното расположение, прославувајте одговорно и возете безбедно.
СРЕЌНИ, ВЕСЕЛИ И БЕЗБЕДНИ ПРАЗНИЦИ – порачуваат од РСБСП.