За Блажевска, граѓаните кои протестираат се пијаници (ВИДЕО)

Сдсмовскиот мегафон Катерина Блажевска вечерва брутално ги навреди граѓаните кои веже четири дена протестираат за зачувување на унитарноста на државата нарекувајќи ги пијаници во дебатната емисија „Отворено“ на 24 Телевизија.

-Денеска секој со една чашка ракија во себе, собран пред некој штаб каде што се пеат патриотски песни има впечаток деја ја брани Македонија, од незнам кого, рече Блажевска во емисијата каде присутен беше и лидерот на СДСМ, Зоран Заев, кој пак граѓаните кои протестираат ги нарече бандити.

Навредите на Блажевска кон македонските граѓани не се нешто ново, бидејќи истата новинарка пред само неколку недели во дебатна емисија на телевизија Телма изрази став дека интересите на македонските граѓани се демагогија.

Изминатиов период,  откако токму поради политиките на Заев се отвори простор за да се создаде платформата на албанските партии, Блажевска во јавноста ги напаѓаше најбенигните сегменти на платформата под покровителство на албанскиот премиер Еди Рама и притоа не кажува ни збор за суштинските елементи на оваа платформа кои го загрозуваат унитарниот карактер на Македонија.