Договорот за испораки на гас меѓу унгарската енергетска компанија MVM и рускиот енергетски гигант „Газпром“ не ги нарушува европското законодавство, изјави во вторникот во интервју за агнецијата Reuters високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбеднсот, Жозеп Борел.
Украина, којашто ќе загуби милијарди евра од трназитните плаќања поради скорото функционирање на гасоводот Северен тек 2 со кој ќе се удвои испораката за гасот за потрошувачите во Европа и руското настојување да ја заобиколува земјата со којашто минатата деценија водеше „три гасни војни“, оцени во понеделникот дека унгарскиот договор за снабдување со гас е „чиста политичка, економски неразумна одлука“ и дека ќе им наштети на украинско-унгарските односи.
Киев, исто така, најави дека ќе бара од Европската комисија да процени дали унгарскиот договор е во согласност енергетскиот закон на ЕУ, на што Сијарто во вторникот одговори дека е „шокиран“.
Унгарија ја обвинува Украина дека се меша во нејзините внатрешни работи откако Киев критикуваше за потпишувањето на новиот 15-годишен договор со рускиот енергетски гигант „Газпром“ за снабдување со природен гас.
„Земјите членки (на ЕУ) се слободни ва склучуваат билатерални договори. Колку што ми е познато, нема ништо противзаконито во договорот меѓу Унгарија и ‘Газпром’, ништо што би било спротивно на европското право“, вели Борел.
Според договорот кој Унгарија го финализираше кон крајот на август, а беше потпишан во понеделникот и стапува на сила на 1-ви октомври, „Газпром“ на Унгарија годишно ќе ѝ испорачува 4,5 милијарди кубни метри гас, и тоа преку две рути: 3,5 милијарди кубни преку Србија и милијарда кубни метри преку Австрија.