За Бостон првата рунда против Индијана за предноста на домашен терен

Со положувањето на Кари Ирвинг пет десетинки пред истекот на времето Бостон Селтикс во „ТД Гарден“ го совладаа Индијана Пејсерс со 114:112 со што ја добија првата рунда во нивната меѓусебна битка за предноста на домашниот терен во многу веројатниот меѓусебен дуел во првиот круг од претстојното доигрување во НБА лигата.

Тоа беше 30-от кош на Ирвинг на овој натпревар во кој Индијата со победата можеше да дојде до голема предност, но вака Селтикс и Пејсерс се израмнија на табелата со соодносто во победи и порази од 45-31. Селтикс сега имаат предност во меѓусебните соочувања од 2-1, но на 6-ти април гостуваат во „Банкерс Лајф Филдхаус“ во Индијанополис, каде Пејсерс сезонава загубија само 9 од 37-те натпревари. Во преостанатите шест меча Пејсерс четири ќе играат дома, додека Бостон четири пати гостува, и тоа кај Бруклин, Мајами, Иднијана и Вашингтон.

Ирвинг најголемата помош ја имаше од Ал Хорфорд кој додаде 19 кошеви со 7 скокови, а Арон Бајнс имаше ефект од 13 поени и 13 скокови. Гостите со 27 коша и по две асистенции и украдени топки ги предводеше Бојан Богдановиќ. Тадеуш Јанг постигна 18 поени и 9 скокови, а Мајлес Тарнер дуелот го заврши со 15 коша и 11 скокови.

Исто толку израмнета битка на Бостон и Индијана за четвртото место во Источната конференција, се води борба за првото место во Западната конференција меѓу Голден Стејт Вориорс и Денвер Нагетс. По синоќешниот пораз на актуелните шампиони од 130:131 во продолќувањето на гостувањето во Минеаполис, и победата на Денвер од 115:105 во Оклахома Сити, екипите се во мртва трка, и двете со ефект 51-24. Вориотс имаат предност од 2:1 во меѓусебните дуели и уште една можност на 3-ти април со победа на својот паркет во „Оракл Арена“, да направат два мечќа предност пред Нагетс.

По поразот од Тимбервиолфс, тренерот Стив Кер и најголемите ѕвезди од Окленд ги критикуваа судиите, за кои сметаат дека со своите одлуки им помогнале на домашните. Но и признаа дека имаа и самите вина за поразот, откако на почетокот од третата четвртина имаа 19 поени предност. Стив Кер рече дека неговиот тим престанал да игра, во оваа четвртина, а на Минесота ѝ честиташе, бидејќи нејзините кошаркари се бореле.

Голден Стејтс Вориорс во последните сто секунди од продолжувањето успеаја да ја анулираат предноста од 9 поени на противникит, за што најголеми заслуги има Стеф Кари, кој дуелот го заврши со погодени 11 „тројки“ и 37 коша. Покрај него кај Вориорс се истакнаа и Кевин Дурант со 23 коша и 12 скокови и Клеј Томпсон со 20 поени. Минесота, пак, ја предвидеше Ендрју Вигинс со 24 коша, а го следеа Џош Окоги со 21, Карл-Ентон Тоунс со 15 поени, 13 скокови ии 7 асистенции.

Денвер до победата од 115:105 во Оклахома Сити дојде носен од тандемот Џамал Мареј – Никола Јокиќ. Мареј постигна 27 коша со 9 асистенции, а Јокиќ имаше 23 поена и 16 скокови. Кај Тандерс Расел Вестбрук малку испушти „тропл-дабл“ со 27 бодови, и по 9 скокови и асистенции, а Пол Џорџ додаде 25 поени со 9 скокови.

Оклахома Сити со поразот падна на осмото место на табелата во Западната кондеренција со ист ефект од 44-32 како што има и Сан Антонио Спарс. На двете екипи им е потребна уште една победа во преостанатите шест дуели а и теоретски да го потврдат настапот во плеј-офот. Тандерс новио обид ќе го имаат во недела дома против Далас Маверикс, а Сан Антониот само неколку часа подоцна ќе бидат домаќини на Сакраменто Кингс, една од екипите кои во неверојатниот расплет може да ги загрози пласманот на Спарс и Тандерс во доигрувањето. Со победата на Спарс во плеј-офот автоматски бил вклегла и Оклахома, доколку претходно и доживее пораз од Маверикс.

Леброн Џејмс синоќа се врати во составот на Лос Анџелес Лејкерс кои на домашени терен ги совладаа Шарлот Хорнетс со 129:115 со што на противникот му ги намалија шансите да се појави во доигрувањето. Џејмс со 27 коша и 9 асистенции ги водеше Лејкерс за кои Кентавиус Колдвел-Поуп постигна 25 поени, а Кајл Кузма постигна 20 коша. Прв кај Хорнетс беше Кемба Вокер со 24 коша и 6 асистенции. Шарлот со сооднос 35-40 заостанаа две победи зад осмопласираните Мајами Хитс кои имаат 37-38.

Во борбата на Портланд Трејлблејзерс со сооднос 48-27 и Хјустон Рокетс со 48-28 за третото место во Западната конференција, Блејзерс остварија важна победа од 119:98 на гостувањето кај Атланта Хоукс. Одличен беше Демиен Лиларс со 36 коша и 7 асистенции. Рукито на Хоукс, Три Јанг постигна 26 коша, 9 скокови и 7 асистенции и ја зацврсти својата позиција во трката за признанието за Дебитант на сезоната со Словенецот Лука Дончич.

Јута Џез, кои имаат соодност 46-30 пред своите навивачи ги совладаа Вашингтон Визардс со 128:124, а најголеми заслуги за победата ги има Донован Мичел кој постигна 35 коша со по 5 скокови и асистенции. Руди Гобер впиша 13 коша, 17 скокови и 3 блокади. Кај Визардс најдобри беа Вредли Бил со 34 коша и Боби Портис со 28 поени и 13 скокови.