За брзо возење казнети 242 лица

Во текот на вчерашниот ден (16.10.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 242 возачи. Од нив 21 возило се движело со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа 105 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 137 надвор од населено место.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.