Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 328 возачи.
Како што соопштија денеска од МВР, од нив, 18 возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 159 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 169 надвор од населено место.
Најавуваат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.