За брзо возење МВР изрече 343 санкции

Во текот на вчерашниот ден (21.01.2024) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 343 возачи. Од нив 11 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа 169 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 174 надвор од населено место.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, соопштија од МВР.