![soobrakajna policija](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2021/07/soobrakajna-policija-1.jpg?resize=640%2C426&ssl=1)
Во текот на вчерашниот ден (27.09.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 160 возачи.
Од нив пет возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа 87 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 73 надвор од населено место.