За Чешка неприфатливи се квотите за распределба на бегалците и мигрантите во ЕУ

Чешка категорично ја отфрла можноста за создавање задолжителен механизам за распределувае на бегалците и мигрантите во земјите членки на Европската унија, порача во неделата чешкиот премиер Андреј Бабиш.

Чешкиот премиер ова го објави на својот официјаен акаунт на Twitter непосредно пред да замине за Брисел каде што во понеделник ќе учествува на самитот на ЕУ, на кој според најавите една од главните теми ќе бидат повторните разговори за справувањето против илегалната миграција во земјите на блокот.

„Некои земји членки, за жал, повторно предлагаат воведување квоти (за распределба на бегалците). Тое е (целосно) неприфатливо. Ние ќе продолжиме да се пориме против оваа идеја. Решението за нелегалната миграција се наоѓа надвор од Европа. Во Европа треба да има (разработен) јасен план, како (да се постапува) со Турција, како со Либија, како со Мароко. Неопходно е да се запрат овие текови (на илегални мигранти). Тоа не се бегалци кои бегаат од некој вид (катастрофи)“, истакнува Бабиш.

Според локалните медиуми, чешкиот премиер планира да разговара за плановите за координација на справувањето со нелегалната миграци со колегите од Словачка, Унгарија и Романија, кои и во минатото имаа слични ставови кон истото прашање. Преку териториите на овие четири централно европски земји, дел од ткн Балканска рута за белците од Блискиот исток кон Германија и богатите западни и северни земји во Европа.

„Треба ефикасно да се бориме против криумчарите (на луѓе), кои го организираат пренесувањето на илегалните мигранти преку надворешните граници на ЕУ“, оцени Бабиш.