За чешкиот претседател трансродовите лица се „одвратни“

Чешкиот претседател Милош Земан во телевизиско интервју во недлата, осврнувајќи се на неодамна донесениот закон во Унгарија со кој во училиштата се забранува содржина со ЛГБТИ теми, рече дека смета оти трансродовите лица се „одвратни“.

Земан во речиси родовното неделно интервју за телевизијата CNN Prima NEWS ги спореше тврдењата во одбрана на „оиродноста“ на хомосексуалноста, промената на полот и го коментираше новиот унгарски закон чија цел е да ги заштити малолетниците од промоција и прикажување хомосексуални материјали, а го искажа и својот став кон промената на полот.

„Доколку се подвргнете на промена на полот, тоа во стуштина значли дека над себеси сте извршиле злосторство на самоповредување. Секоја операција е ризична и за мене тие трансродови лица се одвратни“, рече Земан.

Унгарскиот закон кој наиде на осуда во неолиберланите бирократски елити во Европската унија и од нив поддржаната опозиција во Унгарија, ги забранува ЛГБТИ содржините во училиштата и редовниот процес на образование, а е критикуван поради наводно „стигматизирање и дискирминирање“ на припадниците на оваа заедница.

Минатата седмица на самитот на ЕУ, холандскиот премиер Марк Руте во чијашто земја се разгледува иницијативата да се исклучи од кривничниот законик сексот со деца од 12 години, му порача на унгарскиот премиер Виктор Орбан да ја напушти Унијата „ако не сака да ги почитува правата на ЛГБТИ лицата“.

Половина од челниците на земјите членки на ЕУ, исто така, го осудија законот унгарскиот закон, но некои како Полска, Хрватска и Чешка, на пример, не се меѓу нив. Земан запрашан за тоа одговори дека таквата осуда претставува мешање во внатрешните работи на една суверена земја.

Иако претседателот во Чешка има ограничени извршни овластувања, Земан како и неговите претходници на должноста, има силно влијание на јавноста. Но неговите ставови особено се соблазнителни за политичарите од западните членки на ЕУ.

Во интервјуто, кое бездруго повторно ќе предизвика реакции од Западот, Земан освен што го бранеше Орбан, покажа наклонетост и кон Русија и Кина, и го критикуваше доселувањето во Европа од муслиманските земји.

„Виктор Орбан рече дека не е против хомосексуалците, туку дека се спротиставува на манипулацијата со родителите и децата по прашањато на сексуалното образование. Оттаму, не гледам причина да не се согласам со него, бидејќи ме нервираат феминистките, Ми ту движењето и прашката Поворка на гордоста“, додаде чешкиот претседател.

На Унгарија ѝ се закануваат, доколку не се откаже од законот, со соочување со правни последици на највисокиот суд во ЕУ, а сѐ почесто западните политичари ги споменуваат и санкциите преку одземањето на користењето на финансиите од фондовите на Унијата, како што истакна луксембуршкиот премиер Ксавие Бетел, кој инаку е деклариран хомосексуалец.

Орбан, кој е премиер од 2010 година, со своите ставови кои ги нарекува заштита на традиционалните христијански и европски вредности, долго време е цел на критиките на Брисел. Во пресрет на самитот оваа недела за новинарите рече дека целта на новиот закон во неговата земај е да се заштитат децата, како и да се заштите правото на родителите да одлучуваат за образованието за сексуалното образование на своите деца.