Повеќе од четириесет возачи во средата се казнети за само четири часа за непрописно престигнување на теротириите на СВР Тетово и СВР Охрид, известува Минисерството за внатрешни работи.
Полициски службеници од СВР Тетово денеска во периодот од 12 до 160 часот спроведоа акциска контрола за санкционирање на возила кои непрописно престигнуваат на територијата на СВР Тетово, при што се санкционирани 16 возачи, од кои осум на територија на Тетово и осум на територија на Гостивар
Во истиот период за непрописно престигнување казнети 27 возачи на територијата на СВР Охрид. Од нив 15 на територија на Охрид, шест на територија на Дебар, пет на територија на Струга и еден на територија на Кичево.
Како што информира МВР, засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Оттаму апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.