„За периодот од 2018 до 2022 година, се проценува дека Косово го напуштиле 156.080 граѓани или речиси 8,85 отсто од населението на земјата“, се наведува во соопштението на косовското МНР, пренесе Бета.
Во периодот од 2020 до 2022 година, во земјата емигрирале 26.329 жители, додека од Косово се иселиле повеќе од 93.000 жители.
Се проценува дека на 1 април 2011 година во странство живееле 703.978 државјани на Косово, додека до крајот на 2022 година тој број пораснал на 949.719 или 53,89, покажуваат податоците на косовското Министерство за внатрешни работи.
Според резултатите од последниот попис на населението од 2011 година, државата има 1.739.825 жители, од кои 1.616.869 или 92,9 отсто се Албанци.
На Косово му се заканува уште поголема миграција по укинувањето на визите за Европската Унија, од 1 јануари годинава.