За да им помогнеме на граѓаните, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ поднесоа закон за укинување и намалување на ДДВ за храната и дериватите, вели Стојаноски

На 5-ти мај заедно со координаторот на пратеничката група во името на целата пратеничка група, поднесовме закон за намалување на акцизите за од прилика 50%, кој што го поднесуваме трет пат, третходните два пати ни беше одбиен. Во текот на вчерашниот ден поднесовме закони за намалување на ДДВ за прехрамбени производи од 5% на нула, како и на енергенсите бензинот и дизелот од 18%, овој пан на 5% затоа што сметаме дека тоа е начинот на кој што треба да им се помогне на граѓаните. Денеска сабајле повторно ги повикавме власта и валдеачкото мнозинство да закажат веднаш, итна и неодложна седница, каде што пратениците ќе ги изгласаат овие закои со кои ќе им помогнеме на граѓаните, вели пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски во неговото вечерашно гостување во емисијата „Економски магазин“ која се емитува на телевизија Алсат М.

Стојаноски се осврна и во однос на престојниот ребаланс на буџет кој што треба да влезе и во собраниска процедура и за кој вели дека не е добро дизајниран и дека економскиот тим на владата која го подготвила треба под итно да си поднесе оставка, затоа што тие се тие кои Македонија ја донесоа во дереџе каде што инфлацијата е највисока од 1994 година.

„Најмалку што може економскиот тим на владата да направи зада ја подобри ситуацијата е да даде целокупна оставка, од прв до последен. Затоа што овие економски политики кои што овој тим ги донесе не донесоа до ова дереџе да имаме највисока инфлација од 1994 година наваму, за 30 дена потрошувачката кошница за 1300 денари, 400 милиони евра велеа дека дизајнирале мерки кои што видовме какви резултати дадоа. А, што да очекуваат сега граѓаните кога нема мерки и тек гопрва оваа Влада и овој економски тим прави анализи. Какви дополнителни анализи треба да се направат“, запраша Стојаноски.

Тој додава дека антикризните мерки кои што до сега власта ги преземаше беа апсолутно задоцнети и нецелосни.

„Мерките се апсолутно задоцнети и она што треба да се каже, доста со онаа флоскула во ребалансот на буџетот се предвидени, чинам 76 милиони евра, помош за кризата. И сега логични прашања се поставуваат, ако 400 милиони евра, како што велат, не го решија проблемот како ќе го решат проблемо 76 милони евра? И второто логично прашање, нека излезат и нека кажат, со кои конкретни мерки тие 76 милиони евра ќе бидат потрошени? Јас ова прашање го наметнувам, дали тие 76 милиони евра може да се дадат за ликвидност на ЕЛЕМ, тие пари повторно да отидат во ЕЛЕМ за помагање на пртпријатието, а нема да завршат кај граѓаните“, запраша Стојаноски.

Во однос на законското решение со кое се овозможува добивање на субвенции на земјоделците, кој вчера помина на собраниска седница, Стојаноски вели дека не се пратениците на ВМРО-ДПМНЕ тие кои што го попречуваа носењето, туку пратениците на власта кои не можеа да обезбедат кворум за оржување на седница.

„Љупчо Николоски наместо да држи прес конференции пред собранието, требаше уште пред четири недели да дојде на комисијата која што беше закажана, акоја што владиното мнозинство, прво не обезбеди кворум за одржување на таа седница, а второ немаше ни владин преставник. Ние вчера едногласно го изгласавме законот за помош на земјоделците, еве го повикувам Љупчо Николоски уште денеска да почне да ги исплаќа субвенциите. Но нема да почне, заради тоа што во буџетот нема пари, буџетот не е ликвиден, затоа што наместо да исплаќаат пари кон земјоделците, намсето да се помага кон земјоделците, ние исплаќаме 1,4 милиони евра грантови кон семејните фирми на Зоран Заев. Не може тоа така, треба да има приоритети, и еве ние сме тука како опозиција и нашиот став е многу јасен и принципиелен. Ќе помагаме и ќе учествуваме во сите закони преку кои што треба пари да завршат кај граѓаните, но не и на закони кои ќе значат лично богатење на коалицијата меѓу ДУИ и СДСМ“, рече Стојаноски.