За Данела Арсовска Општина Бутел како да не постои, вели Костовски, состојбата со сметот е алармантна

За Данела Арсовска Општина Бутел како да не постои, велат од општината.

-Состојбата во Општина Бутел е алармантна, повеќе од десет дена екипите ЈП Комунална Хигиена-Скопје кои се под директна команда на Данела Арсовска, се немаат појавено на поголемиот дел од територијата на Општина Бутел.
Сликите се заштрашувачки, ваква неспособност на градските служби не е забележана никогаш во историјата.
Додека не е доцна, апелирам слижбите на КХС-Скопје веднаш да излезат и да си ја завршат работата за која се платени од граѓаните!
Доколку Данела не е способна да се справи со овие основни задачи на градот Скопје, веднаш нека ги префрли ингеренциите на општините за да не трпат граѓаните, подвлекува градоначалникот Дарко Костовски.