За денеска закажан преглед за екс министерката Јанкуловска на ГАК

Поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска денеска треба да се јави на веќе закажаниот преглед на Клиниката за гинекологија, дознава Канал 5 од оваа клиника.

Комисијата е составена од неколку гинеколози од оваа клиника кои треба да ја проверат здравствената состојба.

Ваквиот преглед на Јанкуловска е побаран од страна на судијката по предметот „Тенк“ Добрила Кацарска.

Судијката побара од терцијалната установа, Клиниката за гинекологија и акушерство да се провери вистинската здравствена состојба на бременоста на поранешната министерка.

Јанкуловска е неколку дена пред терминот за породување. Таа е обвинета во случајот „Тенк“ за набавката на скапиот мерцедес и одвоени поради како што претходно ризично патолошка бременост.