За десерт за денеска ви предлагаме вкусни бомбици со алва и урми…
Потребно:
500 гр кикирики, испечени без сол, излупени, сецкани
250 гр урми сецкани
250 гр таан алва (изгмечена)
125 гр маргарин
100 гр чоколадо за готвење
Подготовка:
Маргаринот и чоколадото се топат на тивок оган и се чека малку да проврие па се тргаат. Во нив се додаваат таан алвата, сецканите урми и сецканите кикирики. Кикириките се додаваат додека не се згусне смесата, да биде тврда за формирање топчиња. Се формираат бомбици и се валкаат во сецкани кикирики или кокос.