Она што мислевте дека е основно, за овој десерт воопшто нема да ви биде потребно. Еве како да подготвите вкусни чоколадни коцки без јајца и млеко.
Состојки:
1,5 филџан остро брашно;
3 лажици какао во прав (незасладен);
1 мал филџан шеќер;
1 лажица сода бикарбона;
Половина лажичка сол
1 лажица алкохолен оцет;
1 лажица течен екстракт од ванила
5 лажици растително масло
1 мал филџан вода
Подготовка:
- Вклучете је рерната на 180 степени. Со масло премачкајте четвртаст плех од 20 сантиметри и во него промешајте ги првите пет состојки.
- Во смесата направете три вдлабнатини, две помали и една поголема. Во едната вдлабнатина ставете алкохолен оцет, во втората мала вдлабнатина екстракт од ванила и во третата, најголема растително масло. Сето тоа залејте го со вода и промешајте во еднолична смеса.
- Печете во рерна околу 35 минути. Пипнете со чепкалка за заби за проверка – ако колачот е готов, смесата не се лепи за чепкалката.
- Внимавајте само да не го препечете колачот. Украсете го колачот со чоколадна глазура и ставете кокосово брашно или мелени орево.
Совет: Колачот можете да го испечете и во кружен калап и од него да направите торта или во калапи да направите мафини.