За десерт подгответе вкусен пудинг со бадеми и чоколадо

Потребни состојки

3 јајца, 60 гр путер, 70 гр шеќер во прав, 60 гр. бадеми, еден ред чоколадо, 30 гр. презла и путер

Подготовка

Жолчките, путерот и шеќерот пенасто изматете ги. Додадете ги смелените бадеми, растопеното чоколадо, презлата и тврдо изматената белка. Калапот за пудинг, намачкајте го со путер, ставете ја смесата и покриена ставете ја во врела вода. Кога водата повторно ќе зоврие, намалете го оганот и тивко варете околу еден час.