Потребни состојки
100 гр суви сливи (без семки)
80 гр бадеми
100 гр суви смокви
2 лажици шеќер
1 ванилин шеќер
1-2 лажици рум
Кора од портокал
2 лажици мармалад од сливи
Подготовка
Сувите сливи и смокви ситно исчекајте ги, додајте груби мелени или исчекани бадеми, шеќер, ванилин шеќер, рум, ирендана кора од портокал и мармалад од сливи. Сето тоа добро измешајте го и обликувајте топчиња.
Обликуваните топчиња извалкајте ги во кристален шеќер и по желба послужете во хартиени кошнички.
Ако сакате да добиете повеќе вкус во шеќер измешајте малку цимет.