За десерт: Вкусни бомбици со рум

Потребно:

400 гр неутрална павлака

2 кесички од 9 гр желатин

100 гр маргарин

250 гр шеќер во прав

Екстрат од рум

200 гр кокос

300 гр чоколадо за готвење

5 лажици масло за јадење

Подготовка:

Павлаката и маргаринот ставете ги да се варат и додадете го шеќерот во прав. Кога смесата ќе почне да врие, тргнете ја од оган додадете го претходно потопениот желатин и румот и добро измешајте. На крајот во смесата додадете го и кокосот. Во една четвртаста тава обложена со прозирна фолија ставете ја смесата и оставете да се олади. Најдобро е така да преноќи. Откако ќе се стегне, превртете ја смесата на даска за сечење која треба да биде обложена со хартија за печење. Сечете во облици кои вие ги сакате и прелиете со чоколадо. Декорирајте по желба.