
32.000 Косовци побарале азил во Германија од јануари до крајот на октомври оваа година.
Во другите западноевропски земји пак бројот на косовските граѓани-азиланти е значително намален.
Овие податоци, како што јави допсиникот на МИА, се изнесени на тркалезната маса на насловена „Вработувањето и миграцијата“, одржана во Приштина.
Косовскиот министер за труд и социјална благосостојба Арбен Абраши смета дека вработувањето, образованието, миграцијата и реинтеграцијата се прашања од витален интерес за Косово, посебно кога се има предвид големиот број на Косовси кои моментно се без работа.
На средбата било кажано дека бројот на невработените заклучно со ноември годинава изнесува 114.000 лица.