За ДУИ прифатливи избори до 5 јули или октомври

ДУИ на денешната лидерска средба кај претседателот Стево Пендаровски понудила две опции за одржување на парламентарните избори. Избори на 5 јули или доколку условите не го дозволат тоа, изборите да се одржат во првата недела од октомври што ќе влезе и во редовниот термин.

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети истакнал дека според него најдобро е изборите да се одржат на 21 јуни, а 5 јули е последен термин што го прифаќа неговата партија. Јули и август за ДУИ  воопшто не била oпција.