![Covek krv za ajkula](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2019/07/Covek-krv-za-ajkula.jpg?resize=639%2C336&ssl=1)
Поранешниот инженер во НАСА , а сега Јутјубер, Марк Робер , вчера, на светската недела на ајкулите направи интересен експеримент и доби за два дена 21 милиони лајкови.
Марк Робер е Јутјубер со 7,8 милиони претплатници и реши да провери дали ајкулите може да почуствуваат една капка човечка крв во морето. Тој на настанот на Дискавери направи експеримент во океанските води на Бахамите. Тој во водата најпрвине истурил различни течности, како рибино масло, урина и крв од крава.
Најпрвин ниту една од течностите не го привлекла вниманието на ајкулите, но по 20 тина минути тие почнале да ја чувствуваат крвта и да се собираат на местото каде што била истурена.
На крајот на експериментот било утврдено дека четири ајкули биле привлечени од рибиното масло , дури 41 ајкула тргнале по крвта, а ниту една не пливала кон местото каде што била истурена урината. Робер отишол уште еден чекор понапред.