За два дена две кражби во Битола, укредени евра и накит

Во домот на 42-годишниот Г.М. од Битола, била извршена тешка кражба при што била нанесена штета од 350.000 денари.

Непознат сторител вчера со употреба на погоден предмет ја отворил влезната врата, влегол во куќата при што извршил тешка кражба од каде одзел поголема количина златен накит, часовник „касио“ и околу 2.800 евра со што се стекнал со противправна имотна корист од околу 350.000 денари.

Само еден ден претходно, исто така во Битола на улицата „Краварски Пат“ во апартман сопственост на 38-годишниот А.Н. од Лерин-Грција, непознат сторител со употреба на погоден предмет извршил тешка кражба од каде одзел дијамантска огрлица, златни обетки и околу 93.600 денари со што се стекнал со противправна имотна корист од околу 350.000 денари.

Полицијата превзема мерки за решавање на случаите и пронаоѓање на нивните извршители.