-Следните недели до претседателските избори од 24 април, ќе ги искористам да ги ислушам и консултирам граѓаните за приоритетите како следен претседател на државата. Рамазан е месец на рефлексија, каде со фокусирање на нашата вера, мораме да ги зајакнеме чувствата на солидарност и поддршка во нашата заедница, разговарајќи за тоа како можеме да работиме заедно за да ги надминеме предизвиците кои влијаат на нас како општество. А, каде има поголем предизвик за нашето општество и нашите семејства од раната на емиграцијата што ги раздвојува семејствата и не одвојува од нашите најблиски?, изјави на денешната прес конференција , кандидатот за претседател Арбен Таравари.
-Само во периодот 2011-2019 година, според владини извори, 700.000 граѓани ја напуштиле Северна Македонија или секој четврти граѓанин. Овие податоци се потврдени со пописот на населението од 2021 година, каде што, на пример, мојот Гостивар изгубил 36% од населението. Значи за двајца гостиварци во татковината имаме еден во егзил.
Овој тренд се зголеми експоненцијално во текот на изминатите 5 години. Според некои податоци објавени од Институтот Арбен Џафери, само во 2021 и 2022 година во Германија заминале 85.000 граѓани на Северна Македонија, главно млади и квалификувани луѓе. Значи, со алармантна брзина го губиме највиталниот дел од нашето општество, со долгорочни последици за работната сила, за развојот и за економската перспектива на земјата.
Оваа чума мора да се запре пред да биде предоцна. Мора да дејствуваме сега со заеднички разговори како ќе пристапиме кон овој егзистенцијален проблем на нашата земја.
За таа цел, ќе организирам јавна трибина на тема спречувљње на иселувањето. Трибината ќе се одржи во сабота, во 12.00 часот, во Општина Тетово.
Ја користам приликата јавно да ги поканам сите претседателски кандидати да учествуваат на оваа трибина која третира тема што навистина ги засега граѓаните. Повелете, ве повикувам да разговараме за оваа приоритетна тема за сите нас и очекувам секој кандидат позитивно да одговори на поканата, изјави Таравари.