![лубанци](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2019/09/lubanci.jpg?resize=696%2C514&ssl=1)
Почитувани, лојалните граѓани на Република Македонија ги плаќаат своите обврски и за тоа треба да добијат бар пристојни услови за живеење. Летово после 10 тина години жителите на с. Љубанци останаа без капка вода за пиење, велат од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ од Бутел.
Се префрлуваше вината со месеци и сеуште се префрлува, а Градоналалникот се огради и вината ја префрли на ЈП Водовод и Канализација, а од таму наместо да бараат решение се уште договараат средба со Месната заедница… Градоначалник ние плаќаме и улично осветлување, а селото е во мрак.
Плаќаме и за патишта, но дали сте го виделе главниот пат кој води до селото? Сте го виделе ли и мостот кој почнува да се руши?Безбедноста ни е секојдневно загрозена, првата година од Вашето владеење имаше неколку дупки кој не ги закрпивте, а сега има многу.
Ако не ги закрпите ние после зимата ќе немамаме пат, а најверојатно ќе немаме ни мост. Градоначалник Љубанци има пат, мостови и сопствен водовод од пред 50 години. Денес во 21 век Љубанци нема основни услови за живеење благодарение на Вас.
Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ Општина Бутел