За две години украдени над 10 милиони евра од банките во Албанија

аеродромот

Грабежите биле спектакуларни, почнувајќи од оној на 13 февруари 2015 година, кога во близина на железничката станица во Тирана на излезот од банка во грабеж беа „однесени“ три милиони евра. Разбојниците пукаа со калашњиков во воздух, а физички го нападнаа приватното обезбедувања. Подоцна беше пронајдено само напуштено возилото со кое избегаа.

На трети декември 2015 на патот кој води кон меѓнародниот аеродром во Тирана, кај месото Лакнатист, четворица вооружени лица, маскирани во полициски униформи, под закана со оружје украдоа 3,8 милиони евра и побегнаа во непознат правец.

На 30 јуни 2016 година се случи најспектакларниот грабеж на банкарски средства во Албанија, при нивен транспорт. На пистата на аеродромот „Мајка Тереза“(Ринаси“) три маскирани и вооржени лица украдоа околу милион евра, пред тие да бидат натоварени во авион. Ова е единствен случај во кој разбојниците се идентификувани, но се уште не се пронајдени.

Последниот се случи пред два дена, исто така во близина на аеродромот, каде се уште официјално нема износ на украдените пари, па се маниплира со еден до два милиона евра.