За две недели 250 илјади Сиријци избегале од своите домови

Повеќе од 235.000 луѓе мораа да ги напуштат своите домови во сирискиот регион Идлиб во текот на изминатите две недели, поради зголемените напади на тоа упориште на опозициските сили, соопштија ОН.

ОН предупредуваат дека поради егзодусот од 12-25 декември, областа Марат ал Нуман во јужниот дел на Идлиб е речиси целосно празна.

Поради бомбардирањето и борбите на теренот, многу семејства ги напуштиле своите домови иако владините сили негираат дека нивните цели се цивилни цели.

Од средината на декември, владините сили на Дамаск заедно со руските сили презедоа напади врз преостанатите џихадисти на југ во Идлиб.