За еден час во сообраќајни контроли во Куманово биле казнети 80 возачи.
Како што соопшти портпаролот на МВР, Тони Ангеловски, казните, пред сѐ, се онесуваат за нерегистрирани возила, возење без возачка дозвола, пречекорена брзина.
Портпаролот на МВР апелираше до граѓаните на Куманово да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.
„Се санкционираат сите сообраќајни прекршоци, а особено оние кои што се најчеста причина за сообраќајни незгоди со тешки последици, како што се управувањето на возило под дејство на алкохол, возење со брзина над дозволената, недавањето првенство на минување на возила и пешаци и сл., а се санкционираат и возачите на мотори кои не ги почитуваат правилата“, вели Ангеловски.