Израелското воено воздухопловство соопшти дека во изминатите 24 часа погодило над 40 цели во Појасот Газа, вклучително и ракетни фрлачи подготвени за напади врз Израел.
Армијата додаде дека припадниците на бригадата Нахал користеле беспилотно летало за да убијат еден вооружен напаѓач, а друг елиминирале со снајпер.
Во соопштението на израелските одбранбени сили се наведува дека во нападите биле погодени локациите за подземни ракети, згради каде што биле скриени мини, објекти на оперативците на Хамас, набљудувачки пунктови, подземни локации и друга инфраструктура.