Од четврти јули кога беше регистриран првиот потрес, во близина на Драч, со јачина од 5,1 степен според Рихтер,во Албанија продолжува сеизмичната активност.
Последниот 930-ти по ред е регистриран вчера со епицентар на Кепи и Родонит, на Јадранско Море,кај Драч,со јачина од 3,8 степени.
Земјотресите главно се регистрирани во пошироката околина на Драч,како и во централниот дел на земјата.
Според сеизмолозите од албанскиот Институт продолжувањето на потресите е нормална работа,бидејќи по секој поголем потрес следуваат низа помали,се додека тлото целосно не се смири.
Земјотресите предизвикаа само помала материјална штета и вознемиреност кај граѓаните.
Дел од потресите кои беа со повисок интензитет беа почувствувани и во западниот дел на Македонија,посебно во подрачјето на Дебар