За еден ослободен израелски заложник, тројца Палестинци излегуваат од затвор

Хамас објави соопштение со детали од договорот за хуманитарно примирје со Израел.

„По повеќедневни преговори, објавуваме, со помош на Севишниот Алах, постигнување на договор за хуманитарно примирје во траење од четири дена. Овој резултат е потврда на истрајните напори на Катар и на Египет“, се наведува во дописот.

Во соопштението се наведени овие услови на договорот: Прекин на огнот ширум Газа; Засилен влез на камиони кои превезуваат хуманитарна и медицинска помош, како и гориво во сите делови на Газа; Ослободување на 50 заложници, израелски жени и деца на возраст до 19 години, во замена за ослободување на 150 палестински жени и деца во израелските затвори; Нема израелски воздушен сообраќај на југот на Газа во траење од четири дена; Израелците немаат воздушен сообраќај на северот на Газа по шест часа дневно – од 10 до 16 часот; Слободно движење на цивили, особено долж патот Салах ал Дин

„Условите од договорот се формулирани со визија да му служиме на нашиот народ и зајакнување на неговата постојаност во соочувањето со агресијата, секогаш имајќи ги предвид жртвите, страдањата и грижите“, истакнаа од Хамас.