Канцеларијата на Обединетите нации за криминал и дрога и извештајот објавен од Светската здравствена организација за 2023 година, Албанија и понатаму ја рангираат меѓу првите во Европа и втора во Централна Европа, по високото ниво на жени и девојки жртви на насилство врз нив.
„Во централна Европа е второрангирана а во Европа е меѓу првите. Во последните 11 години во Албанија биле убиени 159 жени и девојчиња, од кои 19 ги загубиле животите како последица на насилство само во 2023 година. Имајќи ги предвид овие податоци, во Албанија, потребно е институциите прво да интервенираат со ревидирање на буџетот за да се одвојат соодветни средства за формирање прифатни центри за жртвите на насилство“, рече Тауланда Јупи, од Демократската партија, повикувајќи се на извештаите.
Според неа, исто така, треба да се стави крај на молкот и рамнодушноста и да се земе примерот на Косово, кое „доделува субвенции за приходите на секоја жена или девојка идентификувана како жртва на семејно насилство во период од шест до 12 месеци“.
„Ова е вистинскиот портрет на влада без визија и без политичка волја да се соочи со оваа драма на албанското општество со праведно и реално одлучување против родово базираното насилство, еден од најраспространетите форми на насилство во Албанија, каде жртви се албански мајки, сестри, жени и девојки“, обвини таа.
Порача дека албанските девојки и жени заслужуваат вистинско внимание, а не пропаганда, „заслужуваат заштита, грижа, заслужуваат да имаат соништа и други аспирации кои се дел од основното право на живот“.