За една година бројот на вработените помал за 101.623, а на невработените за 31.144, објави ДЗС

Според последните објавени податоци на Државниот завод за статистика, во првото тримесечје од 2022 година, активното население во земјава изнесува 811.197 лица, од кои вработени се 691.498, а 119.699 лица се невработени.
Стапката на активност во овој период е 55.3, стапката на вработеност 47.1, додека стапката на невработеност изнесува 14.8.

За споредба, истиот период минатата година, бројот на вработените изнесувал 793.121 лица, а на невработените 150.843.

Или, за една година во државава вработени има помалку за 101.623, а кај лицата без работа бројот е помал за 31.144.

При тоа, стапката на вработеност годинава е истата како и онаа во првото тримесечје лани, 47.1 отсто, а стапката на невработеност се намалила, од 16 отсто лани, на 14,8 отсто за трите први месеци од годинава.