Во март 2022 година продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно се повисоки за 5.1 % на месечно ниво, а за 20.3 % на годишно ниво. А, продажните цени кај снабдувањето со струјам гас, пареа и климатизација се поголеми за дури 54,4 отсто, објави денеска Државниот завод за статистика (ДЗС).
Во март 2022, во споредба со февруари, според ДЗС, продажните цени на производителите на индустриски производи се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 1.5 %, во Преработувачка индустрија за 5.2 % и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 7.2 %.
Во март годинава, пак, во споредба со истиот месец минатата година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 15.6 %, во секторот Преработувачка индустрија за 18.7 % и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 54.4 %.