
Вкупно 1.270 повици на линијата за медицински совет Ало докторе во текот на изминатата недела.
Од почетокот на проектот се регистрирани вкупно 54.163 повици на линијата 02/15 123.
Линијата е достапна секој ден 24 часа со цел да се овозможи непосредна медицинска консултација во моментот на појава на какви било симптоми на нарушување на здравјето.
Дваесет и пет доктори вкупно се достапни за медицински совет за јавувањата кои се од граѓани од сите градови на Македонија.
Јавувањата се за широк спектар на најразлична симптоматологија, најчесто за кардиоваскуларни и респираторни симптоми ,главоболки, покачена телесна температура, стомачен вирус и симптомна болка.
На сите оние лица кои побараа медицински совет на телефонската линија Ало докторе им е дадена здравствена помош со совет и соодветна симптоматска терапија.