![полиција](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2015/11/policija2.jpg?resize=500%2C345&ssl=1)
Во текот на изминатава недела на подрачјето на Град Скопје, сообраќајната полиција извршила увид на вкупно 70 сообраќајни незгоди.
Од нив, во 28 незгоди со телесни поврди се здобиле 48 лица, а 42 незгоди биле со материјална штета. Изминатава недела во Скопје сообраќајната полиција спровела повеќе засилени контроли над учесниците во сообраќајот при што биле откриени поголем број на прекршоци.
Преземени биле мерки према 146 возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената, 22 возачи не отстапиле првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, 16 возачи го управувале возилото под дејство на алкохол и истите се исклучени од сообраќај, 66 возачи за време на управување на возилото не го користеле сигурносниот појас или го користеле мобилниот телефон, како и 17 возачи кои поминале на црвено светло на семафор.
Санкционирани биле и 12 пешаци за сторени прекршоци по разни основи. Во текот на изминатата недела со специјалното возило „пајак“ биле отстранети 452 возила.гв/